Нова бламажа во НБА: Овој пат доаѓа од Денвер (ФОТО)

Американците никако да ги научат играчите кои доаѓаат од Европа. По бламажите со Бојан и Богдан Богдановиќ, како и претставувањето на постариот Марко Симоновиќ како избор на драфтот, овој пат во бизерна ситуација се најде тимот на Никола Јокиќ, Денвер Нагетс.

Во главната улога е Факундо Кампацо, новиот играч на тимот од Колорадо, кој како засилување во походот кон титула дојде од редовите на Реал Мадрид. Но, и неговото име беше згрешено. Прво во првичната најава на Аргентинецот кога пишуваше „Добредојде, Франциско“, а потоа и од претседателот на тимот, Тим Конели.

„Добредојде Франциско Кампацо. Овој 29-годишен плејмејкер е двократен шампион на Евролигата и трократен шампион на АЦБ лигата. Довредојде Франциско“ – изјави претседателот на клуб во своето обраќање.

На Аргентинецот му преостанува со добрите партии од Мадрид да ги пренесе и во дресот на составот од Колорадо со што ќе ги „научи“ Американците кое е неговото име.

Се вчитува...