Нова допинг афера во Меѓународната федерација за кревање товар

Натреварувачката во кревање товар, Кристина Јову, која во својата кариера се натпреваруваше за три различни земји може да добие доживотна забрана за настап откако повторно ги прекршила антидопинг правилата. Јову е една од осомничените спортистки во осумте нови случаи за нарушување на антидопинг правилата, соошти Меѓународната федерација за кревање товар.

Јову (26) досега има три допинг-прекршоци за сите три држави за кои што настапуваше – Молдавија, Азербејџан и Романија и најевројато ќе добие доживотна суспензија. Јову која родена во Романија, а моментно се натпреварува за Молдавија, обвибнета е за позитивен тест, но и за серија други прекршувања на правилата.

Јову е  носителка на бронзен медал од ОИ 2012 во Лондон во категоријата до 53 кг. Освен Јову в о новата допинг афера вклучени се уште седум натпреварувачи во овој олимписки спорт, но нивните имиња не се обелоденети.

Се вчитува...