Нова глупост – Јовиќ се повреди тренирајќи дома…

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ доживеа скршеница на петата на десната нога, потврдија од клубот. Србинот повредата ја заработил во својот дом во Мадрид каде се врати оваа недела.

По трансферот на кариерата минатото лето за Јовиќ ова е најлошата сезона во кариерата. Зидан веќе одамна не смета на неговите услуги и е многу блиску до заминување од „Сантијаго Бернабеу“.

Тој исто така додека беше во Србија беше обвинет дека не го почитувал карантинот и самоизолацијата поради што доби казна од полицијата. Сепак, да не е се така црно, единствена убава вест за Јовиќ е таа што по вторпат ќе стане татко, бидејќи со неговата девојка Софија очекуваат принова.

Се вчитува...