Нова инфаркт-победа на Борусија во Купот на Германија

Екипата на Борусија Дортмунд и во второто коло о Купот на Германија со многу мака ја мина пречката пред себе, играјќи продолженија од два пати по 15 минути за да го елиминира Унион Берлин. Гостите од Берлин со гол во 88. минута израмнија на 2-2 и го одведоа мечот во дополнителни 30 минути игра, но срцата им беа скршени на 120 секунди пред крајот, кога беше досуден пенал што Марко Ројс го претвори во триумф за Борусија. Претходно, „милионерите“ два пати поведуваа преку Пулишиќ и Филип, но лидерот во Бундес-лигата сепак мораше да се намачи за да се пласира во третата рунда од националниот куп.

Со многу среќа таму ќе се најде и Шалке, кој дури по изведување на пенали славеше на гостувањето против Келн. Шалке најпрвин со гол од пенал на Бенталеб израмни на 1-1, за потоа во пенал-рулетот дури по седум серии гостите од Гелзенкирхен да стигнат ддо триумф.

Се вчитува...