Министерката за спорт на Франција, Роксана Марачинеану објави преку нејзиниот профил на Твитер дека во државата ќе се бара вакцина на сите спортски случувања. Законот се однесува на вакцинација на сите спортисти кои сакаат да настапуваат на спортски натпревари, како и на Ролан Гарос, а тоа е уште еден нов проблем за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Србинот неодамна откри дека не е вакциниран, по што беше депортиран од Австралија, а според новиот закон во Франција тоа значи дека најдобриот тенисер во светот не може да игра ниту на тој гренслем-турнир.
Претходно и другите турнири објавија дека ќе се бара задолжителна вакцина за Вимблдон и Ју-Ес опен, па тоа е дополнителна главоболка за Србинот.
„Законот за вакцинација е прифатен и наскоро ќе почне да се спроведува, што значи дека мора да се има потврда за вакцинација за влез во сите јавни простории, а тоа важи и за учесниците и за гледачите, како за Французите, така и за странците“, стои во соопштението на министерката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА