Нова „магија“ на Димитријевиќ, Хувентуд до голема победа на гостувањето кај Валенсија (ВИДЕО)

Ненад Димитријевиќ повторно продаде „магија“ во победата на Хувентуд на гостувањето кај Валенсија од 89-102. Гостите во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се врати во игра.

Димитријевиќ повторно го имаше најдобриот потег во натпреварот откако во финишот на првото полувреме го „измрда“ противникот и реализираше на феноменален начин. На крајот македонскиот репрезентативец мечот го заврши со 13 поени, седум асистенции и два скока.

 

 

Се вчитува...