Нова моќна партија на Дончиќ, Лејкерс го добија Денвер, но го изгубија Дејвис (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го водеше својот Далас Маверикс до нова победа во НБА лигата, откако Мавс синоќа славеа на домашен терен со Портланд Трејлблејзерс со убедливи 110-130.

Токму Словенецот со 33 поени беше прво име кај победникот, додека еден помалку забележа Вуд. Кај поразените Демјен Лилард заврши со 24 поени.

Лос Анџелес Лејкерс стигнаа до голема победа на домашен терен против Денвер Нагетс од 126-108, но го загубија Ентони Дејвис кој поради повреда на десната нога мораше да го напушти теренот по само 19 одиграни минути. Леброн Џејмс со 30 поени и Расел Вестбрук со трипл-дабл 15 поени, 12 асистенции и 11 скока беа најдобри кај „езерџиите“, додека кај поразените Никола Јокиќ заврши со 25 поени и 11 скока.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Атланта 106-125, Детроит – Сакраменто 113-122, Бостон – Орландо 109-117, Кливленд – Индијана 118-112, Филаделфија – Голден Стејт 118-106, Торонто – Бруклин 116-119, Чикаго – Њујорк 91-114 и Оклахома – Минесота 110-112.

Се вчитува...