Нова моќна партија на Дончиќ, нов пораз на Денвер (ВИДЕО)

Неверојатниот Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес лејкерс до нова победа ВО НБА лигата овојпат над Мајами хит од 138-117.

Најдобриот стрелец сезонава во НБА лигата го заврши мечот со 42 поени, 13 асистенции и седум скока. Кај поразените недоволни беа 30 поени на Јанис Адетокумбо.

Денвер нагетс продолжуваат со лошите партии откако загубија на домашен терен од Портланд трејлблејзерс 110-118. Дени Авдија со 28 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Џанал Мареј постигна 35 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Оклахома 112-117, Филаделфија – Чикаго 126-107, Индијана – Атланта 104-108, Њујорк – Бруклин 103-90, Орландо – Вашингтон 94-103, Шарлот – Детроит 91-124, Далас – Сакраменто 100-115, Минесота – Милвоки 112-100, Мемфис – Њу Орлеанс 134-135, Хјустон – Бостон 109-93, Сан Антонио – Јута 119-97, ЛА Клиперс – Торонто 118-125 и Голден Стејт – Феникс 116-113.

Се вчитува...