Нова нула за Еурофарм Работник во ЕХФ Купот, Алушовски дебитираше со пораз

Македонскиот претставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник, го доживеа и третиот пораз во дебитантскиот настап во групната фаза од ова натпреварување. Загуби од Нексе со 23-18 во дуелот од третото коло и останува само на теоретска шанса за прогрес во следната фаза. Стевче Алушовски дебитираше со пораз на клупата на тимот од Битола.

Еурофарм Работник се соочи со нов пораз и покрај тоа што одигра солидно прво полувреме на гостувањето во Нашице. Нексе имаше предност од 4-1 и од 7-4, но битолскиот тим успеа дојде до изрманување на 7-7, потоа и во финишот од првото полувреме имаше и 10-9, но домаќините се изборија за 10-10 на полувремето.

Во вторто полувреме, Еурофарм беше многу полош, постигна само осум гола во сите 3о минути па затоа хрватскиот тим немаше никаков проблем да дојде до рутинска победа изразена со пет голови предност. Разликата можеше да биде и повисока, ако ракометарите на Нексе не беа комплетно опуштени во финишот.

Владислав Остроушко со шест гола беше лидер на листата стрелци кај Еурофарм, Филип Кузмановски постигна три гола, Градимир Чаневски имаше 11 одбрани.

Во следното коло, Еурофарм повторно се среќава со Нексе. Мечот е в недела, на 3. март  во Битола.

Се вчитува...