Нова одлична партија на Димитријевиќ, Хувентуд за малку од готово-вересија

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии за својот Хувентуд. Хувентуд во 26. коло од шпанската АЦБ лига славеше над Обрадоиро со 91-84.

Хувентуд одлично играше во три четвртини од мечот во кои имаше предност од 77-63. Сепак, следуваше големо опуштање во последните десет минути, кое за малку ќе го казнеа гостите. Сепак, се заврши добро и на крајот успеаја да стигнат до конечен триумф од 91-84.

Ненад Димитријевиќ натпреварот го заврши со 18 поени, од кои дури 16 ги постигна во првото полувреме, а додаде и три асистенции.

Се вчитува...