Нова одлична партија на Дончиќ, „фестивал на кошеви“ на мечот меѓу Индијана и Сан Антонио (ВИДЕО)

Далас Маверикс стигна до лесен триумф на гостувањето кај Вашингтон Визардс од 87-109. Повторно најдобар кај Мавс беше Лука Дончиќ кој натпреварот го заврши со 26 поени, надополнети со осум скока  и шест асистенции. Кај Визардс Расел Вестбрук уфрли 26 поени, надоплнети со 14 скока и пет асистенции.

Индијана Пејсерс по продолженија беше подобра од Сан Антониот Спурс со 133-139. Карис Леверт со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај Спурс Дероузен заврши со 25 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Детроит – Њујорк 81-125, Мајами – Кливленд 115-101, Филаделфија – Минесота 122-113, Јута – Орландо 137-91, Портланд – Оклахома 133-85 и Сакраменто – Милвоки 128-129.

Се вчитува...