Нова одлична партија на Јокиќ, „кикс“ на Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер го победија на свој паркет тимот на Сан Антиони со 110-105. Никола Јокиќ беше носител на оваа победа, во која запиша 42 поени и со тоа го изедначи сопствениот рекорд сезонава по бројот на постигнати поени.

Денвер со 53. победа го задржа првото место на табелата на Западот, и се стекна со предност од една победа пред Оклахома, која загуби од Филаделфија.

Сан Антонио му пружи добар отпор на шампионот, пред се благодарение на „џинот“ Виктор Вембањама кој водеше „војна“ со Јокиќ. Скокаше и поентираше младиот Французин, на крајот малку му недостасуваше да дојде до „квадрипл-дабл“, но не можеше против расположениот Јокиќ.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Торонто – ЛА Лејкерс 111:128
Вашингтон – Милвоки 117:113
Мајами – Њујорк 109:99
Филаделфија – Оклахома 109:105
Минесота – Хјустон 113:106
Денвер – Сан Антонио 105:110
Јута – Кливленд 113:129
Голден Стејт – Далас 104:100
Сакраменто – ЛА Клиперс 109:95

Се вчитува...