Нова победа на Ѓуроски и Аликанте

Аликанте на нашиот Стојан Ѓуроски стигна до нова победа во втората шпанска лига откако на домашен терен беше подобар од Реал Кано со 82-77. Домаќините одлично го отворија мечот и по првите десет минути имаа предност од 25-15. Во вториот период следеше мало опуштање и пад во играта која ја искористија гостите и на пауза заминаа со предност од 36-42.

Сепак, работите на свое место си дојдоа во второто полувреме во кое со одлична игра особено во нападот Аликанте стигна до нов триумф во втората шпанска лига со која се уште убедливо ја брани првата позиција.

Нашиот репрезентативец одигра 20 минути во кои забележа два поени, три скока и една асистенција.

Се вчитува...