Нова понуда од Лондон за Енис Барди

Арсенал не е единствениот лондонски премиерлигаш заинтересиран за Енис Барди откако Фулам реши да се вклучи во трката по македонскиот играч за врска. Фулам преку плејофот успеа да влезе во Премиер-лигата и да си обезбеди богат буџет, но на менаџерот Скот Паркер му е јасно дека ќе мора да инвестира во нови фудбалери доколку сака да опстане во елитното друштво.

Енис Барди имаше зад себе одлична сезона во дресот на Леванте, особено добро играјќи на натпреварите по паузата поради коронавирусот. Арсенал беше поврзуван со понуда од околу 20 милиони фунти, но додека Артета разгледува други опции за средниот ред, Паркер ќе се обиде да ја добие трката за Македонецот. Веќе е испратена и првата понуда од 11 милиони фунти што според најавите ќе биде одбиена од Леванте, но е почетна точка од која ќе стартуваат преговорите што се очекува да бидат интензивирани во наредниот период.

Шпанскиот прволигаш во секој случај одлично ќе заработи на македонскиот интернационалец, ако се знае дека Барди пристигна во Леванте од редовите на Ујпешт за сума од 1,5 милиони евра.

Се вчитува...