Нова понуда: Циндриќ е на чекор до Барселона

Лука Циндриќ се наоѓа на чекор до мегатранасфер во редовите на Барселона, откако преговорите на каталонскиот гигант со Кјелце за хрватскиот репрезентативец тргнале чекор напред. Ова го потврди и првиот човек на Кјелце, Бертус Сервас.

„Циндриќ има договор со нас до 2021 година, но веќе реков дека ако Барса плати сума што е задоволителна за нас ќе му дозволиме да си замине. Можам да кажам дека се наоѓаме многу блиску до заеднички јазик, втората понуда што ја добивме е многу поблиску до она што го очекуваме. Конечната одлука сепак е на каталонскиот гигант“ – изјави Сервас.

Кјелце е подготвен за продажба на Циндриќ, но Сервас очекува заработка од најмалку еден милион евра. Полскиот првак веќе ангажираше и замена за Циндриќ за наредната сезона, и тоа уште еден „вардарец“, Хрватот Игор Карачиќ.

Се вчитува...