Нова повреда во Реал Мадрид

Зинедин Зидан не може да крене глава од проблеми со повредите на стандардните првотимци, па на долгата листа играчи на кои не може да смета тренерот на Реал Мадрид од денеска се наоѓа и Феде Валверде. Уругвајскиот репрезентативец настрада при еден дуел на синоќешниот меч со Валенсија, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за скршеница на коска во пределот на тибијата.

Првичните проценки на лекарскиот тим на Реал Мадрид се дека Валверде ќе отсуствува околу еден месец, но шпанските медиуми потсетуваат дека лани слична повреда заработил и Еден Азар, при што на Белгиецот му беа потребни два и пол месеци за да го санира проблемот.

Уругвајскиот играч за врска ќе ги пропушти преостанатите три средби од ЛШ против Интер, Шахтјор и Борусија Менхенгладбах, како и пресметките од Ла Лига против Вилјареал, Алавес и Севилја.

Се вчитува...