Работнички останува активен на кошаркарскиот пазар и пред самиот крај на преодниот рок, ангажирајќи ново засилување за центарската позиција.
Ѓорѓе Џелетовиќ е нов член на „центарци“ откако потпиша договор со клубот од „Градски парк“ и би требало експресно да му се стави на располагање на тренерот Мираковски и да дебитира на дуелот со ТФТ. Џелетовиќ претходно има настапувано во мак-баскетот, со успех бранејќи ги боите на Гостивар.
Доаѓањето на српскиот кошаркар е принудно решение по повредата што ја заработи Американецот Форте. Тој има проблем со менискусот во коленото и ќе мора да отсуствува извесен период, а Џелетовиќ ќе има тешка задача да го надополни отсуството на Форте, кој беше главен играч во нападот на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА