Нова спортска трагедија – Почина млад фудбалер кој беше дел од Рома

Нова трагедија во светот на фудбалот. Почина поранешниот фудбалер на Рома, Жозеф Буасе Перфекшн. 21-годишниот фудбалер починал од срцев удар, пренесуваат италијанските медиуми.

Тој во Италија стигна како азилант, а еден дел од својот живот во Рим го помина како бездомник, живеејќи на железничката станица во главниот град на Италија. Меѓутоа не се предаваше и почна да игра фудбал во аматерскиот клуб Либери Нант кој купува политички мигранти.

Рома го зема во 2015 година, со што го оствари својот детски сон да игра со фудбалери како Франческо Тоти и Даниеле де Роси. Во сезоната 2017/2018 беше на позајмица во Виченца.

Се вчитува...