Нова ВАР-лакрдија во Англија: Мурињо полуде, со пцовки кон судиите (ВИДЕО)

Тотенхем има негатива од 1-0 по првото полувреме на гостувањето против Шефилд јунајтед во 32. коло од Премиерлигата.

Домашните поведоа со голот на Берге во 32. минута кој постигна одличен погодок…

Но, веќе во следниот напад Тотенхем успеа да израмни кога Хери Кејн погоди за 1-1. Но, главниот судија Крис Каванах, по консултациите со ВАР собата го поништи голот затоа што пред тоа Лукаш Моура играше со рака. Иако оваа одлука на судиите е дискутабилна, затоа што Моура очигледно беше под прекршок во таа ситуација а потоа еден од фудбалерите на Шефилд ја шутна топката во раката која се одби до Кејн.

Одлуката на судиите да го поништат голот предизвика бес кај Жозе Мурињо кој не ги штедеше судиите со своите пцовки…

Се вчитува...