Нова војна на повидок во Барселона: Клубот повторно ќе ги намалува платите на фудбалерите

Барселона повторно е на пат кон конфликт со ѕвездите од првиот тим тврдат шпанскиоте медуми откако клубот решил повторно да ги намалува платите, а со оглед на огромната загуба од околу 100 милиони евра која ја пријавија „каталонците“ како последица на пандемијата на коронавирусот. Играчите се согласија на наламување од 70 проценти во март и со тоа беше овозможено останатите вработени да ги добијат комплетните плати.

Во сиутација на финансиски загуби, Барселона повторно ќе бара од играчите да има намалување, но клучниот проблем е што во моментов е нејасно дали поради ова играчите ќе можат да ги поништат договорите. Клубот планира да направи значајна модификација во колективниот договор и ако успее и играчите и останатите вработени би добивале помали плати. Еден играч ќе треба да ги претставува фудбалерите на евентуалните преговори.

Клучното прашање за клубот е како новото намалување ќе влезе во законската регулатива која важи во Шпанија, а се однесува на работничките права. Дел од познавачите на проблематиката тврдат дека вработените би имале право да ги раскинат договорите ако измените се прават поради финасиски причини.

Се вчитува...