Нова жртва од коронавирусот: Почина експретседателот на Реал, Лоренцо Санс

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Лоренцо Санс, почина вечерва во клиника во шпанскиот главен град, губејќи ја битката со коронавирусот.

Уште пред неколку дена се појави информацијата дека 75-годишниот Санс е заболен од ковид-19, а поради проблеми со инфекција на бубрезите тој не можеше да се избори со смртоносниот вирус. Тој од самото дијагностицирање на болеста беше префрлен на интензивна нега, но лекарите не успеаја да се изборат за неговиот живот.

Лоренцо Санс беше претседател на Реал Мадрид во периодот од 1995 до 2000 година, период во кој се освоени две титули во ЛШ, со победите над Јувентус и Валенсија во финалињата од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...