Нова „ѕверска“ партија на Димитријевиќ во „Ендеса лигата“

Ненад Димитријевиќ уште еднаш беше лидер на својот тим во победата над Тенерифе со 90-85 во 33. коло од шпанската Ендесе лига.

Феноменална четврта четвртина одигра Ненад Димитријевиќ против подобро пласираната екипа на Тенерифе. Македонскиот бек реализираше десет поени (2/2 за два и 2/2 за три поени).

Се заедно, одличната вечер Димитријевиќ ја заокружи со 23.реализирани поени (3/5 за три, 7/8 за два и 0/1 за еден поен), четири скока и две асистенции за 18:53 минути. За тимот од Бадалона ова беше победа број 17 (во 31 одигран натпревар), со која побегнаа чекор напред во однос на Уникаха.

Се вчитува...