„Новак е слободен човек… Денеска успеа да одржи и тренинг“

По се очигледно Новак Ѓоковиќ издвојува победа против цел континент откако утрово судијата Кели одлучи да ја прифати неговата жалба и моментално да го ослободи. Неговиот брат, Ѓорѓе Ѓоковиќ на прес-конференција потврди дека неговиот брат е слободен и дека утрово веќе имал и тренинг на терените во Мелбурн.

„Новак е на слобода, беше на терен и тренираше. Отиде во Австралија да се занимава со тенис. Отиде да го освои Австралија опен и да урне уште еден рекорд. Ја донесе целата потребна документација и доби дозвола за влез. Тој пред се е спортист и се занимава со спорт“, изјави братот на Новак.

 

Се вчитува...