Новак фаќа залет – победа над Кецмановиќ за полуфинале во Белград

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето од АТП турнирот во Белград откако во четвртфиналниот меч против сонародникот Миомир Кецмановиќ славеше со 2-1 (4-6, 6-3, 6-3).

Кецмановиќ беше подобар во првиот сет, но првиот „рекет на светот“ успеа да ја консолидира својата игра во продолжението, го наметна својот ритам и ја потврди фаворитската улога.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Качанов и Монтеиро.

Се вчитува...