„Новак Ѓоковиќ е добредојден да настапи на УС Опен“

Новак Ѓоковиќ не настапи на Индијан Велс, а нема да настапи ни на Мајами Опен поради забраната за влез на невакцинирани странски државјани во Соединетите американски држави, но од АТФ се надеваат дека рестрикциите ќе бидат надминати и најдобриот тенисер на светот ќе биде дел од последниот грен-слем турнир на сезоната.

На оваа тема говореше портпаролот на Американската тениска федерација, Крис Видмаер кој вели дека самиот турнир нема да ограничува настап поради невакцинираност и Србинот како еден од најдобрите во историјата е добредојден.

„Правилата кои забрануваат влез во САД ги одредува Белата куќа. Се надеваме дека правилата кои го спречуваат Ѓоковиќ да влезе во САД ќе бидат укинати или релаксирани во скоро време. За УС Опен не постојат рестрикции за било кој играч, навивач… Ѓоковиќ кој е еден од најголемите шампиони на нашиот спорт ќе биде добредојден да се натпреварува на нашиот турнир“, вели Видмаер.

Се вчитува...