Новак Ѓоковиќ не патува во САД – пропушта уште два турнира

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами, потврди на својот Твитер профил. Причината е добро позната, одбивањето на вакцина за Ковид-19 која го спречи и од настап на Австралија Опен.

Српскиот тенисер се најде во ждрепката за турнирите, но не доби посебна дозвола од страна на Центарот за контрола и превенција на болести па сега останува неизвесно дали воопшто ќе одигра голем турнир до крајот на сезоната.

„И покрај тоа што автоматски се најдов на ждрепката за Индијан Велс и Мајами знаев дека мала е шансата да можам да патувам. ЦКПБ потврди дека правилната нема да се менуваат и нема да можам да играм во САД. Со среќа на оние кои ќе настапат на турнирот“, напиша Србинот на својот Твтиер профил.

Се вчитува...