Новак Ѓоковиќ повторно во притвор се до конечната одлука вечерва во 23:30 часот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва од 23:30 часот по македонско време ќе се појави пред Федералниот суд на Австралија и конечно ќе ја дознае одлуката за неговата евентуална депортација од оваа земја.

Ѓоковиќ изминатава ноќ имаше разговори со имиграционите служби на Австралија, а потоа и се појави пред судот, но не беше донесена никаква одлука која е оставена за денеска.

До одлуката српскиот тенисер ќе мине во притвор, и тоа во истиот оној хотел за имигранти во кој беше и претходно по првото укинување на неговата виза.

Во меѓувреме, пак, во јавноста се појавија и сите оние медицински документи како и документот за исклучок од вакцина потврден од Тенис Австралија со кој Владата на Австралија му издаде виза на Новак Ѓоковиќ по што тој допатува во оваа земја. Впрочем, ако ја немаше таа виза, како што истакнаа и адвокатите на Србинот, Ѓоковиќ никогаш не би ни допатувал во Австралија. Што се случи потоа знае само австралиската влада.

Се вчитува...