„Новак Ѓоковиќ во четврток ќе биде депортиран!“

Не завршува целата сапуница околу ситуацијта со Новак Ѓоковиќ пред стартот на првиот гранд-слем во годината, Австралија опен. Откако од судијата доби ослободителна пресуда и може да се движи слободно во Мелбурн, властите бараат начин како да го депортираат во Србија.

Колумнистот на „Сандеј пејпер“ Пол Бонџорно вели дека Србинот ќе биде депортиран во четврток. Тој вели дека министерот за имиграција, Алекс Хок одлуката ќе ја донесе утре и Србинот ќе мора да ја напушти Австралија.

Се вчитува...