„Новак игра најдобро под притисок и во тешки околности“

Новак Ѓоковиќ успеа да го добие судскиот спор против Австралија и ќе настапи на првиот АТП турнир во сезоната. На него српскиот ас може да стигне до 21. голем трофеј, а со тоа да го потврди епитетот на еден од најголемите во историјата на спортот.

Сепак останува да видиме како ќе одговори Србинот по тешките денови поминати во Мелбурн. На оваа тема говореше и поранешната шампионска на Вимблдон, Марион Бартоли која верува дека Ѓоковиќ игра најдобро под притисок, а многу ќе значи и одговорот на публиката.

„Мислам дека лесно може да помине првата недела на турнирот, а и да ја темпира формата за следната седмица. Повеже се работи за тоа како ќе одговори ментално и психолошки поради целата ситуација. Тој е најдобар кога игра под притисок и во тешки околности, но ќе значи и тоа како ќе реагира публиката. Доколку целиот стадион биде против него и ако го исвиркаат… Не знам, тешко е да проценам како ќе влијае ситуацијата на него“, изјави Бартоли.

Се вчитува...