„Новак нема ниту појадок, тоа не се хумани услови“

Не престануваат реакциите околу ситуацијата на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн. Вечерва на полноќ по средноевропско време ќе почне неговото сослушување, а конечната одлука судот би требало да ја донесе некаде околу 7 или 8 часот наутро.

Протести во Белград имаше и денеска, а мајката на првиот рекет на светот, Дијана Ѓоковиќ кажа во какви лоши услови во моментов се наоѓа нејзиниот син.

„Новак има само ручек и вечера, без појадок. Тоа не се човечки и хумани услови. Така ми кажа лично Новак. Такви услови нема ниту во затвор. Гледа во обичен ѕид, не може ни да го види паркот, бидејќи нема нормален прозорец“, изјави Дијана Ѓоковиќ.

Се вчитува...