Новак по одлуката за депортација: „Разочаран сум, но ја почитувам одлуката на судот… Им посакувам на организаторите и тенисерите прекрасен турнир“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се огласи по одлуката да биде депортиран од Австралија, откако Федералниот суд не ги прифати аргументите на неговиот адвокатски тим за неправедно одземена виза од страна на министерот за имиграција на Австралија кој го искористи своето дискретно право за да го направи тоа.

„Би сакал да дадам кратка изјава со што би ги заокружил случувањата на судот денеска. Ќе ми треба малку време како навистина би се одморил и би собрал енегрија, пред да дадам некој понатамошен коментар околу се ова. Но, сега знам дека исклучително сум разочаран од одлуката на судот да ја одбие мојата жалба по одлуката на министерот да ја откаже мојата виза. Ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со релевантните власти во смисла на мое враќање во мојата земја. Не ми е пријатно што фокусот изминатите недели беше на мене, и се надевам дека сега сите ќе се концентрираат на играта и турнирот кој го сакам“ – истакна Ѓоковиќ како прва реакција по одлуката на австралискиот суд.

Сагата околу Новак Ѓоковиќ траеше цели 11 дена откако неочекувано по пристигнувањето во Мелбурн му беше укината визата за влез во земјата, поради тоа што нема примено вакцини против Ковид-19.

Ѓоковиќ се заблагодари и на сите кои изминатиов период му дадоа поддршка во оваа борба…

„Би сакал да им посакам на играчите, организаторите на Австралија опен, сите волонтери и на навивачите се најдобро на овој турнир. Конечно, благодарам на моето семејство, пријателите, тимот, навивачите и моите драги Срби за постојаната поддршка. Сите вие сте голем извор на енергија за мене“ – заклучи најдобриот светски тенисер.

Се вчитува...