Новата НБА сезона ќе стартува на 22. декември, ќе заврши пред ОИ во Токио

Новата НБА сезона најверојатно својот старт ќе го има на 22. декември, пренесуваат американските медиуми. Комесарот на лигата Адам Силвер денеска имаше состанок со сопствениците на клубовите на кој се донело одлука сезоната да стартува на 22. декември, а место 82 натпревари кои традиционално се играат во регуларниот дел, во новата сезона да се одиграат 72 натпревари.

Оваа одлука е донесена бидејќи поради доцното завршување на минатата сезона поради пандемијата од коронавирусот, новата сезона ќе почне подоцна од очекуваното, а и како би можеле најдобрите кошаркари во светот да бидат дел од Летните олимписки игри кои на програмата се на крајот на месец јули следната година.

Се уште останува да се договорат уште некои работи за да се донесе конечната одлука која треба официјално да биде соопштена во наредните денови.

Се вчитува...