Новата сезона во Ла Лига почна со здодевна „нула“

Со денешниот натпревар меѓу Еибар и Селта беше означен и стартот на новата сезона во шпанската Ла Лига, но спортската јавност дефинитивно се надева дека претстојниот шпански шампионат ќе донесе многу повеќе возбудувања од денешниот премиерен дуел.

Фудбалерите на двата тима многу повеќе внимаваа на сопствениот отколку што размислуваа за загрозување на противничкиот гол, што придонесе да бидат создадени минимален број на шанси. Најубавата ја има гостите веќе во 10. минута, кога Нолито се најде во добра ситуација, но голманот Дмитровиќ го запре неговиот удар. За одбележување е и црвениот картон што домашниот фудбалер Диоп го заработи во 88. минута, но гостите од Виго имаа премалку време во самиот финиш за да ја искористат предноста од играч повеќе на теренот.

На преостанатите две средби од денешната програма во Ла Лига се среќаваат Гранада – Атлетик Билбао и Кадиз – Осасуна.

Се вчитува...