Нови блесоци на Јокиќ и Дончиќ, продолжува неверојатната серија на Њујорк, тешка повреда на Авдија (ВИДЕО)

Портланд загуби од Денвер со 106-105 во еден од синоќешните НБА натпревари. Денвер славеше благодарение на новата одлична партија на Никола Јокиќ со 25 поени, девет скока и пет асистенции, со 50% шут од игра.

Кај Портланд најефикасен поединец беше Демијан Лилард со 22 пени.

Изминатава ноќа младата израелска кошаркарска ѕвезда, Дени Авдија доживеа тешка повреда на мечот меѓу Вашингтон и Голден стејт (118-114). Авдија незгодно доскокна по што мораше да го напушти теренот.

Уште една одлична ноќ имаше Лука Дончиќ кој заврши со ефект од 30 поени, 10 скока и 9 асистенции за 33 минути на паркетот во победата на Далас над Детроит од 127-117.

Неверојатна серија од осум едноподруго победи има Њујорк кој по продолжение ја победи Атланта со 137-127, со 40 поени и 11 скока на Јулиус Рендл. Од друга страна феноменален ефект имаше швајцарскиот центар Клинт Капела со 25 поени и извонредни 22 скока.

Се вчитува...