Нови блесоци на Лука и Јанис, дабл-даблот на Јокиќ недоволен за победа на Денвер

Далас им се врати на победите откако на крилјата на Лука Дончиќ и неговите 28 поени, 14 асистенции и 4 скока славеше со убедливи 107-139 над Њу Орлеанс. Словенецот го следеше Латвиецот Криштапс Порзингис со дабл-дабл од 20 поени и 10 асистенции, а најрасположен на средбата беше Брендон Инграм со 29 постигнати поени.

Неверојатен натпревар одигра и Јанис Адетокумпо со победата на Милвоки во 127-125 над Шарлот. Грчкиот интернационалец мечот го заврши со 40 поени и 12 скока, а една асистенција го делеше од трипл-дабл учинок. Бол беше прво име кај гостите со 36 поени, 9 асистенции и 5 скока.

Со трипл-дабл учинокот со поигра и Никола Јокиќ во поразот на Денвер на гостувањето кај Орландо со 108-103. 18-те поен, 15-те скока и 7-те асистенции на Србинот овој пат не беа доволни за триумф. Кај домаќините блесна Ентони со 24 поени, 8 скока и 7 асистенции.

Во останатите натпревари Атланта славеше со 111-114 на гостувањето кај Индијана, Вашингтон со 115-107 триумфираше над Минесота, Бостон го доби дербито против Филаделфија со 88-87, Кливленд со 85-111 славеше во Мајами, Хјустон го доби гостувањето кај Оклахома со 110-114, а Кингс ја добија калифорниската пресметка против Клиперс со 115-124.

Се вчитува...