Нови детали за новиот свемирски „Сантијаго Бернабеу“: Терен на извлекување и чуван во стакленик (ВИДЕО)

И покрај корона-кризата Реал Мадрид не планира запирање на работите околу комплетното реновирање на „Сантијаго Бернабеу“ кој, според многумина, во иднина ќе биде спектакуларен. Реконструкцијата ќе го чини клубот 400 милиони евра, а веќе се појавуваат информациите околу неговиот иден изглед.

Шпанска „Марка“ објави дека теренот ќе биде на седум паралелни плочи широки 15 метри кои ќе може да се извлекуваат, чуваат во стакленик, и така теренот сочуван за следните натпревари.

Со новата технолигија на одржување ќе може да се одржуваат и музички концерти во текот на целата година, а не само по завршувањето на сезоната како досега. Целиот стадион ќе може да се користи буквално седум дена во неделата.

 

Стадионот ќе биде како еден вид склад, свемириски брод, кој ќе биде под идеална температура, светлина и влажност. Теренот ќе биде складиран во „стаклена пештера“, а ќе бида ексклузивно реконструирани и сите простории за навивачите и трибините.

 

Се вчитува...