Нови детали за ракометните „местенки“ – сомнителен дуелот Веспрем – Вардар кој заврши нерешено

Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов беа обвинети за местење на натпревари, информација која дојде од „Спортрадар“, а потоа ја пренесе и данската ТВ2 која бараше став од македонските арбитри, но не го доби.

Веројатно станува збор за 28 наместени натпревари, во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите. Објавените се натпревари кои се спорни, а „Спортрадар“ се сомнева дека еден од мечевите е дуелот меѓу Киелце и Веспрем во 2017 година, кој бил суден токму од Начевски и Николов. Исто така и пресметката меѓу Горење и Целје во СЕХА лигата е спорна, а и таму правдата ја делеле македонските арбитри.

Во наводно спорните мечеви го има и Вардар. Се споменува пресметката меѓу Веспрем и македонсктие „црвено-црни“ која заврши нерешено 28-28 во декември 2016 година. На полувреме исто така беше нерешено 12-12. ТВ2 направи анализа на тој меч, и пишуваат дека на пет секунди до крајот на Вардар му бил доделен непостоечки пенал. Тој меч бил суден од хрватската двојка Губица – Милошевиќ, кои исто така се меѓу споменатите за наместени натпревари.

Претходно беше објавено дека ракометни судии, кои делат правда на актуелниот Мундијал, се осомничени за местење натпревари. ТВ2 побарала став од Начевски и Николов во Малме, но тие одбиле да коментираат, додека тандемот Губица – Милошевиќ ги отфрлиле сите обвинувања.

Целиот текст и видео од спорниот меч, може да прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...