Судии осомничени за местење ракометни натпревари, меѓу нив и тандемот Начевски – Николов

Голем скандал го тресе светскиот ракомет, откако „Спортрадар“ објави информација дека неколку врвни судии во овој спорт, учествувале во местење на натпревари. Дел од нив судат и на актуелниот Мундијал во Шведска и во Полска, а во овој скандал се споменуваат и македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Покрај Начевски и Николов, на листата на „осомничени“ се уште и Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. Во 26 натпревари кои се истражувале, учествувале осум судиски парови. Останатите судии не се откриваат.

Во текстот на „Спортрадар“ стои дека 28 натпревари биле наместени во период од две години, од 2016 до 2018 година. Има натпревари и во Лигата на шампионите, а вклучени се врни клубови како Кил, Френсбург од Германија, како и Киелце од Полска, Веспрем од Унгарија.

Начевски и Николов се сомничат за два од 26-те меча кои се под истага. Телевизијата ТВ2 се обидела да ги интервјуира Начевски и Николов кои суделе во Малме, но тие одбиле да коментираат. Губица и Милошевиќ, пак, ги отфрлиле сите обвинувања.

Спортрадар е компанија која ги анализира спортските податоци во обложувалниците, спорските федерации и медиумите. Компанијата има 35 канцеларии во 19 земји низ Светот, вклучувајќи ги градовите Њујорк, Лас Вегас, Лондон, Трондхајм, Минхен, Љубљана, Сиднеј, Сингапур. Нивната база е во Сент Гален во Швајцарија. Тие се официјален провајдер на НБА, МЛБ, Наскар, НХЛ, ФИФА и УЕФА, а има соработка и со меѓународната тениска федерација.

Оригиналниот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Се вчитува...