Нови детали за Шумахер – Откриена тајна за неговото здравје

Поминаа скоро седум години откако германскиот возач Михаел Шумахер се здоби со сериозна повреда на главата при скијање на Алпите.

Еден од добрите пријатели на Шумахер, Жан Тод, можеби не открива многу за состојбата на Шумахер, но секоја негова реченица што ја кажува им дава надеж на навивачите дека Германецот ќе се опорави.

„Јас сум многу дискретен по ова прашање, но …, започна Жан Тод за француските медиуми. Никој од нас не знае колку Михаел може да разбере. Да се ​​молиме еден ден тој да биде дел од сето ова, тоа би било одлично”, заклучи неговиот пријател.

Заштитната опрема му го спаси животот на „Шуми“, но оттогаш светот ретко знае нешто за неговата здравствена состојба. Тој беше во индуцирана кома, беше опериран неколку пати, а неговото семејство го чува добро од медиумите и фановите, па малку луѓе го виделе од 2013 година.

“Михаел имаше сериозна несреќа што му остави големи последици. Оттогаш, тој беше третиран на таков начин што еден ден може да се врати во нормален живот”, изјави поранешниот претседател на ФИА, кој не навлезе во детали за превземаните здравствени методи.

За состојбата на Михаел Шумахер зборуваше и Рос Браун, човек кој беше „мозокот“ зад седумте титули кои „Шуми“ ги освои во Формула 1, и кој допрва ќе ги следи настапите на Мик Шумахер во „најбрзиот циркус“, синот на Михаел.

„Очигледно ќе биде многу интересно сега кога Мик Шумахер ќе вози и во Формула 1, имам голема доверба во него … Сето тоа нè потсетува на несреќата на Михаел, сите мислиме колку би било убаво да може Михаел да учествува во овие трки“, заклучи Рос.

Се вчитува...