Екипата на Кожув успешно ги финишираше преговорите за продолжување на соработката со двајца домашни кошаркари кои ја оправдаа довербата на стручниот штаб минатата сезона. Станува збор за Димитар Караџовски и Предраг Пајиќ, кои и во следната сезона ќе го носат дресот на Кожув.
На чело на екипата останува Александар Јончевски, кој во следниот период ќе ги интензивира преговорите за потпис со уште неколку квалитетни кошаркари. Кожув рутински обезбеди пласман во Супер-лигата, но разигрувањето за највисок пласман во домашното првенство беше прекинато поради коронавирусот.
Редовите на клубот од Гевгелија веќе ги напуштија Бобан Стајиќ и Бојан Трајковски, кои заедно се преселија во таборот на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА