Нови два гола на Тричковски, триумф за АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски е вистинска гол – машина на Кипар. Тој постигна нови два гола за тимот на АЕК Ларнака и беше најзаслужен за триумфот од 3-0 против Анортозис.

Ларена го отвори резултатот за домашниот тим, а Иван Тричковски стапи на сцена во второто полувреме. Тој погоди во 71.минута, а во финишот уште еднаш се запиша во листата на стрелците. Популарниот Тричко сега само го надградува клупскиот рекорд за најдобар стрелец во историјата на АЕК Ларнака.

Даниел Мојсов исто така беше стартер во составот на АЕК Ларнака и го одигра целиот меч.

Се вчитува...