Нови главоболки за Анчелоти, се повреди и Камавинга

Новото засилување на Реал Мадрид, младиот Едуардо Камавинга е уште едно од имињата во тимот на „кралевите“ кој мора да паузира откако доби повреда на левата нога на дуелот против Еспањол вчера.

Камавинга, кој доби повик за настап и во селекцијата на Франција, ќе отпатува во кампот на француската репрезентација, каде ќе ги мине медицинските прегледи, а потоа ќе се донесе одлука дали ќе се врати во Мадрид или ќе остане со репрезентативниот тим на „петлите“.

Ова е уште една лоша вест за Карло Анчелоти, бидејќи листата на повредени и натаму расте. Во неа веќе се сместени Едуардо Менди, Марсело, Дани Карвахал, Иско, Асенсио и Маријано Диаз.

Се вчитува...