Нови главоболки за Зидан: Азар повторно ќе мора да паузира

Азар не му се посреќи на Реал Мадрид, во стилот на Кака и на многу други мега платени ѕвезди, Еден покажа кревко здравје и постојани отсуства од зелените терени. Белгиецот игра еден натпревар, па прескокнува три или четири поради повреда, вака покажува статистиката. Сега Азар се повреди на натпреварот на Реал со Алавес, па мораше да го напушти теренот по половина час игра.

Според резултатите од денешните прегледи од специјалисти, играчот за врска на Кралскиот клуб ќе мора да мирува најмалку две недели. Ова значи дека Азар ќе ги прескокне натпреварите со Шахтјор и Менхенгладбах во Лигата на шампионите, како и две големи домашни дербија, со Севиља и Атлетико Мадрид во Примера.

Азар, досега пропушти 36 натпревари во Реал од неговото доаѓање во клубот, а настапи на само 28.

Се вчитува...