Нови правила во Италија – Играњето со рака на Бонучи сега не е пенал

Првиот човек на судиската комисија на италијанската Серија А Николо Рицоли пред почетокот на шампионатот најави промена во правилата поврзани за досудување на пенали што би требало да доведе до значајно намалување на бројот на казнени удари.

Тој бараше од судиите на теренот да ја проценат динамиката, близината и самата акција во случаи кога топката во рака го погодува фудбалерот во казнениот простор. Првата спорна ситуација е видена уште во првото коло на мечот меѓу Јувентус и Сампдорија. Во 44. минута по шутот на Бонацоли топката го погоди Бонучи во раката која беше далеку од телото, но штоперот на „старата дама“ беше преблиску до противникот па немаше време да реагира.

Судијата Пичини имаше одличен преглед и процени дека се работи за многу блиска раздалеченост што според новите правила во вакви ситуации не е доволно да се досуди пенал. Сепак, оваа ситуација предизвика многу полемики во Италија, бидејќи се работи за Јувентус, клуб кој секогаш е под „лупа“ кога се во прашање судиските одлуки.

Се вчитува...