Нови проблеми во Барселона: Куман не може да го води тимот

Во низата бизарности кои се случија во Барселона веднаш по доаѓањето на Роналд Куман во клубот, сега уште една директно поврзана со новиот тренер.

Куман се уште нема да може да седи на клупата на Барса, поради јасните правила на Ла Лига. Па, ќе мора натпреварите да ги води од трибините.

Барселона се уште не постигнала договор со поранешниот тренер Кике Сетиен за исплата на отказот. Сетиен бара исплата на комплетниот договор, додека раководството на Барселона бара компромис и договор за помал износ. Но, Сетиен не се откажува од парите, па сето тоа носи проблем за Куман.

Првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига, сепак, каталонскиот тим го игра за десет дена, па надежите се дека до тогаш ќе има договор меѓу двете страни.

Се вчитува...