Нови проблеми во Реал Мадрид – Лука Јовиќ позитивен на коронавирус

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ е позитивен на коронавирус, пренесуваат шпанските медиуми. Тој по враќањето во Мадрид по настапите за Србија во ноемврискиот прозорец бил подложен на ковид тест кој на крајот се покажал дека е позитивен.

Јовиќ веданш е испратен во самоизолација каде ќе биде во следните десет дена. Покрај Лука Јовиќ позитивни од српската репрезентација се и Александар Коларов, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Николиќ и Лазовиќ.

Србинот нема да биде на списокот на фудбалери за мечот против Вилјареал. Се уште по знак прашање за мечот од Ла лига се и Еден Азар, Кашемиро и Милитао кои пред почетокот на репрезентативната пауза исто беа позитивни на вирусот.

Се вчитува...