Нови проблеми во Серија А – Рома, Наполи, Интер и Милан против Јувентус

Нови проблеми во италијанската Серија А. Иако фудбалерите минатата седмица се вратија на индивидуални тренинзи по паузата од пандемијата на коронавирусот, а во понеделник треба да почнат и групните тренинзи дел од тимовите не се подготвени за тоа.

Како причина поради која Рома, Наполи, Интер и Милан велат дека не се подготвени за тоа е една од мерките од споменатиот протокол кои клубовите велат дека не може да бидат испочитувани. Имено, клубовите мора да најдат хотел за негово ексклузивно користење кој мора секој ден да биде дезинфициран, што сметаат дека е невозможно да биде изведено. Покрај овие четири гиганти истото мислење го делат и Торино, Верона, Бреша, Џенова и Сампдорија.

За разлика од нив Јувентус ги предводи тимовите кои велат дека можат да се исполнат сите протоколи како би можеле да почнат подготовките за враќање на фудбалот. Покрај Јувентус оваа теза ја бранат и Фиорентина и Аталанта.

За потсетување Серија А се договори со клубовите сезоната да продолжи на 13. јуни.

Се вчитува...