Нови проблеми за Ангеловски – Несторовски се повреди на мечот против Цитадела

Нови проблеми за селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски. Македонскиот интернационалец Илија Несторовски заработи повреда на натпреварот од 38. коло во Серија Б, против Цитадела.

Нестогол одлично го почна натпреварот, откако во 21. минута гo прецизен удар со глава го отвори резултатот, а две минути подоцна му асистираше на Александар Трајковски. Сепак, во 41. минута по еден дуел со противнички играч, Несторовски со болен израз на лицето го напушти теренот.

За тежината на повредата ќе се знае по деталните прегледи кои ќе бидат извршени во текот на утрешниот ден. Македонија во јуни ја очекуваат два натпревари во квалификациите за Европското првенство 2020, а на арената „Тоше Проески“ во Скопје ќе гостуваат фаворитите во нашата група, Полска и Австрија.

Се вчитува...