Напаѓачот на Евертон, Бразилецот Ришарлисон долго време ќе мине надвор од терените откако се повреди на последниот настап за својот тим. 24-годишниот Бразилец беше заменет на полувремето во поразот кај Кристал Палас со 3-1, а лекарските прегледи открија руптура на мускулното ткиво на потколеницата на десната нога.
Андрос Таунсенд исто така извесно време нема да игра поради скршеница, а Колман е под знак прашалник за дуелот со Челси.
„Ричарлисон беше принуден да излезе во второто полувреме и скенерот најде кинење на мускул на десната потколеница. Напаѓачот нема да игра неколку недели”, соопштија од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА