Нови проблеми за Лапорта: Барса не може да најде нов клуб за Умтити

Барселона очигледно нема да може да го продаде дефанзивецот Самуел Умтити, бидејќи нема интерес од други клубови. Освојувачот на Светското првенство со Франција има 133 настапи за Каталонците во текот на пет и пол години на „Камп Ноу“.

Сепак, Французинот го одигра својот прв натпревар во 2021 година на 12 декември, бидејќи беше повреден или не беше дел од плановите на тренерите, Роналд Куман и сега Чави.

И покрај тоа што централниот дефанзивец си ја намали платата, „Спорт“ пренесува дека клупските челници не успеваат да најдат клуб кој сака да го купи.

Се вчитува...